Запри го неовластеното користење на твојата сметка

Ако мислиш дека некој можеби има пристап до твојата сметка на Max без твоја дозвола, ти препорачуваме да ја промениш лозинката. Со ова, сметката ќе се одјави од сите уреди.

За список на уреди што имаат пристап до твојата сметка, оди на Управувај со твоите уреди.

Промени ја лозинката

За да ја промениш лозинката за сметката на Max:

  1. Најави се на Max на телефонот, таблетот или компјутерот. Не можеш да се најавиш?
  2. Избери го профилот, па Сметка.
  3. Избери ја иконата за уредување молив што се наоѓа до „Лозинка“.
  4. Внеси ја тековната лозинка.
    Ако не си ја знаеш лозинката, може да ја ресетираш.
  5. Внеси нова лозинка и избери Зачувај.

Лозинката е ажурирана и сметката е одјавена од сите уреди. Сега, најави се на Max со новата лозинка.

За совети за безбедност на сметката, оди во Помош за одржување на безбедноста на сметката.