Max сега е HBO Max

Истата апликација. Ново име. Истите одлични приказни. Max сега е HBO Max!

Ако апликацијата Max не се ажурира автоматски во HBO Max, еве како да ја преземеш:

  • На уредите на коишто ја имаш апликацијата Max, оди во продавницата за апликации, пребарај HBO Max (или Max) и избери ја опцијата за преземање или ажурирање.
  • За да го видиш списокот на поддржани уреди, оди на Инсталирај ја HBO Max на поддржани уреди.

Еве што треба да знаеш за HBO Max:

Дали HBO Max се разликува од Max?

Max сега е HBO Max. Единствената разлика е во името. Апликацијата, пакетите за претплата и цените засега остануваат исти.

Дали треба да направам нешто како претплатник на Max?

Ако апликацијата Max не се ажурира автоматски во HBO Max, оди во продавницата за апликации на уредот, пребарај HBO Max (или Max) и избери ја опцијата за преземање или ажурирање.

Дали има промени во цените или пакетите за тековните претплатници?

Промената на името во HBO Max не е поврзана со цената на нашите пакети за претплата.

За информации за цените, оди на HBOMax.com.

Дали се менуваат мојата сметка, профили или поставки на Max?

Не! Твојот профил и поставките остануваат исти. Aпликацијата каква што ја знаеш и сакаш ќе остане иста.